12,5 хектари праска, време на изведба 10 работни дена од типот клуч на рака. Насадот е во кругот на самата фабрика за сокови ФрукталМак, па поради инфраструктурата на објектот беа потребни и неколку градежни зафати од типот: сечење на асфалт, тампонирање, бетонирање на основа за филтер станица. Системот за наводнување е проектиран да работи во три смени, со филтер станица од два хидроциклона поврзани во серија, опција за ѓубрење со резервоар од затворен тип со капацитет од 120 литри и заштита за целиот систем со фреквентен регулатор.