Влажност на воздухот - количеството на вода која испарува во воздухот е многу важна за здравјето на растенијата
Водата постојано испарува, транспирира, од растенијата и почвата и со тоа ја покачува влажноста на воздухот. Истата останува внатре во затворените простори, оранжерии и пластеници и влијае на растенијата и на нивното здравје и кондиција за раст и развој и способност за фотосинтеза. Високата влажност на воздухот предизвикува појава на роса на листовите. Овие услови имаат негативен ефект на развојот и приносот на растенијата и предизвикуваат појава на болести, а со тоа и директни загуби кај сите култури.
Предности :
- Подобрени техники за одгледување
- Енергетска ефикасност
- Подобар принос и квалитет
- Намалена употреба на пестициди
- Превенција на болести предизвикани од влажноста на воздухот
- Погуст склоп на растенија
- Намалување на загубите на CO2
- Финансиски заштеди

DryGair е ефикасно решение за проблемите предизвикани од релативната влажност на воздухот
Концептот на DryGair е совршено и елегантно решение за секоја модерна оранжерија. Развивме најмодерен уред за одземање на влагата од воздухот, базиран на ладење, проектиран особено да ја засили контролата на влажноста на воздухот. Уред које е ефикасен и лесен за употреба и пред се финансиски исплатлив.
DryGair уредите се користат во периодите кога вентилацијата не може да функционира, во текот на ноќта или кога има екстремни температури, врнежи и висока релативна влажност на воздухот. Во такви случаи треба само да се затвори вентилацијата и да се вклучат уредите да работат. Без потреба од внесување на воздух од надвор се штеди енергијата за зачувување на температурата, топла или ладна.
Нашите системи можат да кондензираат до 45 литри вода на час.
DryGair уредот работи на принцип на кондензација со ладење, а со цел извлекување на вода од воздухот во оранжеријата. Го извлекува влажниот воздух од најкритичниот дел помеѓу и околу растенијата. Потоа се врши кондензација, а собраната вода се изнесува и може да се користи повторно. Воздухот се загрева со изменувач на топлина и потоа повторно се враќа во оранжеријата преку горниот дел на уредот.
Предности од користењето на DryGair уредот:
- минимално загревање на воздухот кое може да се контролира
- нема потреба за користење хемикалии или други адитиви
- нема загревање на водата
- вода од кондензацијата како спореден производ, која може да се користи.

DryGair системите се дизајнирани да работат оптимално во оранжерии и затворени простории, на 80% RH и 18°C (64F).