Ние сме најпрво земјоделци, а потоа иноватори. Почнавме во 1965 година, обидувајќи се да одгледуваме култури во пустинска почва. Затоа знаеме како е да се земјоделствува во екстремни услови. Таа борба нè научи како да ја комбинираме прецизната капка-по-капка технологија, агрономското знаење и постојаната иновација за да им помогнеме на земјоделците да произведуваат повеќе, без разлика на културата или климата – со помалку ресурси.
Netafim е дел од Orbia, заедница од компании што здружено се справуваат со некои од најкомплексните предизвици во светот. Нè обединува една заедничка цел: да го унапредуваме животот ширум планетата.