Најефикасниот систем за доставување вода и хранливи материи за одгледување култури – тој испорачува вода и хранливи материи директно во кореновата зона на растението, во точни количини и во вистинско време, така што секое растение добива токму што му е потребно, кога му е потребно, за да расте оптимално. Ова им овозможува на земјоделците да постигнат повисоки приноси, додека истовремено штедат вода, ѓубрива и енергија.
Системите Капка по Капка и микронаводнувањето се едни од најефикасните технологии во светот. Тие секогаш нудат вистински решенија – од една страна за потребите од вода и ѓубриво на растенијата, а од друга страна за можностите и желбите на земјоделските стопанства.
Располагаме со најразновидни капалки и црева (линиски системи) со вградени капалки, кои нудат најсигурни и најекономични решенија за распределба на вода и ѓубрива до растенијата. Капалките и капалните линии се поставуваат на површината или можат да бидат вградени подлабоко во почвата.